Copyright © WITNESS.ORG. 80 Hanson Place, 5th Floor, Brooklyn, NY, 11217 | Voice: 718.783.2000 | Fax: 718.783.1593
Треба да Знаеш за Мене
Во Македонија, како и низ светот, сексуалните работници се истуркани на маргините од општеството преку комбинација од предрасуди, дискриминација, и насилство. Но, продавањето на сексуални услуги не го оправдува негирањето на основните човекови права, кои треба им бидат загарантирани на сите луѓе подеднакво.
Треба да Знаеш за Мене е приказна за искуствата и желбите на сексуалните работници на и вон улицата, раскажана од прва рака. Справувајќи се со малтретирањето и насилството од клиентите, макроата и полицијата, сексуалните работници се трудат да му се спротивстават на негативниот општествен став со тоа што гласно проговараат и се борат за своите основни права. Овој филм повикува на нула толеранција за насилството против сексуалните работниции координиран одговор од институциите за вистинските потреби на сексуалните работници.
